Катастрофа за ПСЖ: Нејмар ќе се оперира, во аут до крајот на сезоната

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар ќе мора да оди на операција на стапалото и поради тоа нема да заигра до крајот на сезоната, соопшти вечерва францускиот весник Лекип..

Иако првичната дијагноза беше позитивна, новите прегледи покажаа дека воопшто не е наивна работата. Нејмар е во лоша состојба и не може да гази на повредената нога.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед е пред голема шанса да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. ПСЖ речиси првак на Франција, но во елитното европско натпреварување ќе има големи проблеми без Нејмар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top