Катица Јанева доби признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот

Специјалната јавна обвинителка доби високо признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот, додека специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“..

Признанијата во име на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана ги врачи потпретседателот на советодавниот одбор на ИФИМЕС, Ернест Петрич, кој е поранешен член на Уставниот суд на Словенија.

Јанева се заблагодарила на признанието и истакнала дека покрај секојдневната поддршка од граѓаните на Македонија ова признание ќе биде поттик и дополнително охрабрување за идната работа на СЈО.

„Нè очекува уште многу работа, сите вработени свесно ја прифативме оваа работа. Ова признание им припаѓа на сите вработени, но и на граѓаните на Македонија кои иницираа демократски промени, а клучот на тие промени е зајакнување и развивање на институциите на правната држава. Граѓаните сакаат правна сигурност и заштита. Токму нашето делување, покрај процесуирање на одговорните за разни кривични дела кои настанаа врз основа на незаконско прислушување на граѓаните, е да ја вратиме довербата на граѓаните во правната држава“, рекла Јанева.

ИФИМЕС го додели и високото признание „Светска личност на деценијата во областа на правосудството“ на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, Серж Брамерц.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top