Катица во „Шутка“ на антидепресиви

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која од пред два дена е во притвор во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка е во лоша здравствена состојба, дознава „Скопје1.мк“..

Според извори на порталот Јанева била во лоша здравствена состојба уште пред да замине во истражниот затвор. 

Таа во континуитет прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок. 

Во „Шутка“, пишува во текстот на Скопје1.мк, била на преглед и кај затворскиот лекар.

Брза помош интервенираше и кога Јанева беше на распит во Кривичниот суд, а на проблеми со здравјето се пожалила и вчера кога отпатува на погребот на мајка си во Гевгелија. 

Јанева присустввуаше само на простувањето во капелата, а потоа, по половина час, со полициска придружба беше вратена во затворот во Скопје.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top