Кавани пред заминување од ПСЖ: Со мислите веќе во омилениот клуб?

Уругваецот Единсон Кавани следното лето може да го напушти Париз и да се врати во клубот од каде и што дојде во ПСЖ..

Така барем најавува агентот на Уругванецот, Валтер Галјермон, кој во последното интервју за италијанските медиуми, тврди дека кај неговиот клиент има желба да се врати каде некогаш играше, во Серија А.

„Кавани е фокусиран на ПСЖ, но во иднина враќањето во Неапол останува како идеја. Следната година може да се случи тој трансфер. Наполи е клуб кој совршено му одговара на Единсон, а и тој го обожава клубот“, стои во излагањето на Галјермон.

Единсон Кавани е нераскинлив дел од ПСЖ веќе неколку сезони, од 2013 година, кога во Париз беше донесен за сума од 63 милиони евра.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top