Кејн првично не сака да замине од Тотенхем, но доколку се случи тоа, тој би заминал само во еден клуб

Хари Кејн е играчот кој на свој грб повеќето натпревари го турка Тотенхем кон победите и го остава на позиција на која се надева дека може да ја освои титулата во Премиер лигата..

Моментално еден од најдобрите напаѓачи е често поврзуван со повеќе европски гиганти, а се поизвесно е дека таа екипа која прва ќе тропне со преку 100 милиони за Кејн, ќе може да се надева на неговите услуги.

Сега и британските весници носат сензационална вест, дека Реал Мадрид со сигурност ќе биде идната дестинација на Хари Кејн, откако Перез ќе го проветри дворот на „кралевите“.

Реал е познат во минатото по доста добро платените трансфери, па сигурно дека нема да штеди ни на Кејн доколку зацртаат да го донесат во Мадрид.

Кејн оваа сезона игра фантастична, досега има 14 настапи и 13 голови, па со право го носи епитетот на незапирлив голгетер на островот, а Реал не би штедел пари на ваков тип на играч.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top