Кенгур спасен од сигурна смрт секојдневно ги прегрнува спасувачите

Во знак на благодарност и љубов кенгурката Аби од Австралија секој ден веќе 12 години ги прегрнува луѓето кои ја спасиле од сигурна смрт..

Аби имала само 5 месеци кога останала сираче и била пронајдена од експерти за диви животни кои ја спасиле од сигурна смрт.

„Ја пронајдовме Аби кога имаше 5 месеци, беше многу повредена. Таа е единствениот кенгур кој секој ден нè прегрнува кога ќе се видиме“, напиша еден од спасувачите на Facebook.

Иако објавата потекнува од 2013 година, таа до денес е популарна и шест години подоцна се споделува на социјалните мрежи.

Нејзините негуватели редовно објавуваат фотографии од Аби на Instagram и покажуваат дека таа со години не ја променила навиката за прегрнување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top