Кепа се обиде да го објасни одбивањето да излезе од терен

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, истакна дека не му била намера да ја игнорира желбата на тренерот тој да биде повлечен од игра..

Големото засилување на Челси предизвика голем скандал со тоа што не сакаше да излезе од игра, притоа подготвувајки резервниот голман на „сините“, сепак Кепа не сакаше да му удоволи на тренерот Сари.

Сари потоа по натпреварот тој момент го опиша како недоразбирање, но евидентно дека не беше задоволен од ситуацијата со Кепа, но очигледно дека мораше да негира на пресконференцијата.

Но по натпреварот, самиот Кепа реагираше со своја верзија на настаните.

„Зборував со тренерот по натпреварот, мислам дека во прашање беше недоразбирање. Не беше моја намера да одам против желбата на тренерот, тоа беше тензичен момент но сега е во ред. Сега луѓето зборуваат за моето бунтовништво, но тоа беше недоразбирање и ништо повеќе“, констатира Кепа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top