Керик: Попрво во пензија отколку во Њукасл

МАЈКЛ КЕРИК ПРЕД КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ.

„Предолго бев на 'Олд Трафорд', и уживав. Повеќе нема да играм за ниту еден друг клуб од Англија" - вели играчот за врска на Јунајтед кој ги брои последните денови од договорот со „црвените ѓаволи".

Мајкл Керик и дефинитивно ги брои последните денови од својот престој во Манчестер. Јасно е ако се знае дека веќе во јуни истекнува неговата договорна обврска спрема „црвените ѓаволи", а сеуште не донел конечна одлука за продолжување на својата кариера.

Пред извесно време менаџерите од Њукасл имаа една идеја за негов трансфер, особено доколку ги реализираат обидите да се вратат во Премиер лигата, но..
Не е тајна дека Керик порасна како голем навивач на Њукасл, но и сега вели дека најверојатно никогаш нема да го облече „црно-белиот" дрес.

„Мислам дека мојот воз за Њукасл, помина, Кога бев 'клинец', навивав за 'страчките", и сонував еден ден да го облечаам црно-белиот дрес. Но повторно, се сметам себеси за среќен човек што така долго останав во Манчестер Јунајтед. Тоа е онаа ситуација во живовот кога не можете баш се и да остварите" - изјави 35. годишниот фудбалер.

Некогашниот англиски репрезентативец вели дека не размислува за ниту еден друг клуб на Островот, и дека пензијата е реална опција.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top