Ким Џонг Ун: Трамп си игра со оган!

Севернкорејскиот претседател Ким Џонг Ун најави дека ќе преземе акција од највисок степен против САД..

Ова следува по говорот на Доналд Трамп во Обединетите нации, кој се закани дека спремен е да ја уништи Северна Кореја.

„Неговите зборови не ме уплашија, туку ме уверија дека сум го избрал вистинскиот пат. Трамп си игра со оган. Ќе го натерам да плати“ порача севернокорејскиот лидер, заканувајќи се со хидрогенска бомба над пацификот.

Како одговор на нуклеарните тестирања пак, сите  членки на Европската унија веќе дадоа зелено светло за усвојување нови санкции за Пјонгјанг.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top