Ким ја прифатил поканата од Путин за средба во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се сретне со Владимир Путин..

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го прими писмото од рускиот претседател Владимир Путин и потврди подготвеност за официјална посета на Русија, информираше претседавачот на Советот на Руската федерација, Валентина Матвиенко, по состанокот со Ким Џонг Ун во Пјонгјанг, објавија светските новински агенции.

„Ја извршив задачата од Владимир Путин и ја пренесов неговата порака. Како одговор Јонг рече дека потврдува оти е подготвен и има желба да дојде во посета на Руската федерација“, изјави Матвиенко.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top