Ким Јонг му „ги испрати“ на Трамп посмртните остатоци од 200 американски војници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја ги вратила посмртните остатоци од 2000 американски војници исчезнати за време на Корејската војна..

-Вратени се нашите  големи починати херои, нивните посмртни остатоци се испратени денеска, изјавил на  митинг во Минесота  претседателот Трамп, пренесува Ројтерс.  

Официјален американски претставник кој инсистирал на анонимност истакнал дека Северна Кореја ќе и предаде голем број на посмртни остатоци на командата на ОН во Јужна Кореја, по што истите ќе бидат однесени во воздухопловната база на Хаваи.

Инаку, според податоците околу 7700 се водат како исчезнати  во Корејската војна од 1950 до 1953 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top