Ким Јонг Ун го покани јужнокорејскиот лидер во посета на Пјонгјанг

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун го покани претседателот на Јужна Кореја, Мун Јае-ин да го посети Пјонгјанг..

Доколку ја прифати поканата претседателот на Јужна Кореја, ова би била прва средба на двајца корејски лидери по повеќе од една деценија.

Поканата на Јае-ин лично му ја врачила сестрата на Ким Јонг Ун, Ким Јо-џонг на состанок во претседателската палата во Сеул, во рамките на Зимските Олимписки игри кои годинава се одржуваат во Јужна Кореја.

Таа му порачала на Јае-ин да го посети северот најрано што може.

Таа воедно истакнала дека Пјонгјанг и Сеул би требало да се зближат во име на сите Корејци.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top