Ким Јонг ун отпатува за Сингапур

Приватниот авион на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун одлета од Пјонгјанг за Сингапур каде во вторник ќе се состане со претседателот на САД, Доналд Трамп, јави јужнокорејската агенција Јонхап..

На агендата на Ким за денес е предвидена средба со премиерот на Сингапур соопшти Министерството за надворешни работи.

Демонстрациите се забранети, а собир од само пет лица може да се смета за недозволено собирање.

Состанокот помеѓу двајцата лидери ќе се одржи во луксузниот хотел “Kaпела” на островот Сентос.

Пристапот е блокиран за гости, а целиот втор спрат е затемнет со завеси.

Својата прва изјава за очекувањата од самитот ја даде и Доналд Трамп.

„Колку време ќе ми биде потребо за да сфатам дали севернокорејскиот лидер е сериозен во намерите за постигнување договор? Тоа ќе го сфатам во првата минута од разговорот. Тоа е мојата интуиција, јас така работам. Знаете, луѓето велат дека после 5 секунди знаете дали некој ти се допаѓа или не. Ете толку брзо и јас ќе дознаам дали ќе се случи нешто добро или не“, рече американскиот претседател.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top