Ким Јонг Ун си додели нова титула

Засега нема официјална реакцијана владата од Сеул. Јужнокорексите аналитичари веруваат дека целта на новата Кимова титула ќе ја зајакне неговата позиција..

Севернокорејскиот водач Ким Јонг Ун си додели нова титула која би можела да ја запрепасти соседната Јужна Кореја, бидејќи државните медиуми сега го ословуваат со „Врховен претставник на секорејскиот народ“.

Новата титула се појави пред два дена во известувањата за новоизбраниот парламент во Северна Кореа.

– Тврдењето дека лидерот на сите Корејци навистина е во согласност со долгрочната цел на Ким за повторно обединување на Корејскиот полуостров под негово водство – напиша Руедигер Франк од Виенскиот факултет на порталот 38 North кој ги следи и анализира случувањата во Северна Кореја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top