Кина испраќа вештачка месечина на небото

Револуционерен извор на ноќно светло наскоро ќе се појави на небото над кинескиот град Ченгду, провинцијата Сечуан..

Тоа е вештачки придружник кој може да ги замени уличните светилки, пренесе Гардијан.

Сателитот ќе изгледа како месечина, но за разлика од него, ќе биде осум пати посветол. Вештачката месечина повеќе ќе ја надополнува наместо да ја замени природната земна месечина.

Новиот извор на светло ќе осветли територија со дијаметар од 10 до 80 км. Луѓето ќе можат да го контролираат опсегот на осветлување од далечина до десетици метри.

Концептот на вештачка месечина е дело на Ју Чунфенг, шеф на приватната вселенска компанија Chengdu Aerospace Science. Тој тврди дека истражувањата за сателитот започнале пред неколку години, а неговото пуштање во вселената е планирано за 2020 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top