Кина: Нашето пријателство со Северна Кореја е „драгоцено богатство“

Традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Кореја претставува „драгоцено богатство“ за народите на двете земји, соопшти Пекинг, откако специјалниот кинески претставник Сонг Тао се состана со високиот претставник на Северна Кореја Чое Рјонг Хеј..

Сонг е на официјална посета во Пјогјанг со цел да разговара за исходот на неодамнешниот Конгрес на Комунистичката партија во Кина.

Чое и Сонг зборувале за односите на двете земји.

Во соопштението на Пекинг, не се споменува дали двајцата лидери зборувале за севернокорејската нукеларна програма, на која Кина силно се спротивставува.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top