Кинески државјанин во САД обвинет за продажба на 1 милион лажни iPhone уреди!

Jianhua “Jeff” Li, кинески државјанин кој живеел во Америка на студентска виза, бил обвинет за продажба на повеќе од 1.1 милиони лажни Apple уреди...

Jianhua “Jeff” Li бил обвинет за продажба на 1.1 милиони лажни iPhone и iPad единици во Америка. Li ги признал криминалните дела, кои се состоеле од продажба и нелегално внесување на уредите од други држави во САД. Официјално, ќе биде осуден на 30-ти мај.

Li и неговите соработници шверцувале 40.000 електронски уреди и додатоци во САД, во периодот од јули 2009, до февруари 2014 година. Меѓу производите се наоѓале iPhone и iPad уреди, заедно со официјалните кутии и етикети на Apple брендот. Приходите од продажбата на лажните уреди се проценети на околу 1.1 милиони долари. 

Останатите соработници истотака ја признале вината, а еден од нив веќе бил осуден на 37 месеци во затвор, минатиот јули. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top