Кинескиот амбасадор: Со дигиталната технологија ќе се оствари нова иднина на глобалната економија

Ширењето на пандемијата од Ковид-19 има големо влијание врз светот. Истовремено, развојот на дигитализацијата привлече големото внимание заради неговите уникатни предности, и дури станува нов тренд на глобализацијата, пишува во статија кинескиот амбасадор.

Во прилог го пренесуваме првиот дел од неговата статија за ефектите од коронавирусот и дигитализацијата.

Познато е дека Кина ѝ придава големо значење на дигитализацијата. Уште во 2015 година, по Втората светска Интернет-конфереција, претседателот Ши Џинпинг предложи изградба на дигитална Кина и на Општата заедница на судбината во сајбер-просторот. Во 2017 година, тој даде уште една иницијатива за изградба на Дигитален Пат на свилата на Меѓународниот самит на Форумот за соработка во рамките на „ Еден појас и еден пат“. Идејата на Кина е промовирање на развојот на дигитализацијата, со цел да допринесе за поголема корист на луѓето од сите земји во светот, за општата борба против пандемијата, за нормализација на општествениот живот, за обновувањето на економијата и за создавање на уште поубава иднина.

1. Дигитализираната борба против пандемијата промовира технички иновации и допринесува за формирањето на синергична соработкa

На годишниот саем на Светскиот економски форум 2017, претседателот Ши Џинпинг одржа говор, во кој истакна дека „мора да создаваме нов начин на економски раст, да ги користиме можностите од новиот круг на индустриската револуција и од дигиталната економија“. Тој потенцира дека истовремено со создавањето на нова индустрија, нов тип бизнис и нов модел на раст, мора да се придава внимание на остварување на нови работни места. Кина од сопствената практика од дигиталната борба против пандемијата докажува дека во текот на наредните неколку години, ќе настапи клучниот момент на изградба на синергичната соработка во целиот свет.

Развојот на дигиталната технологија одбележува постојан напредок

Во мај 2017 година на Меѓународниот форум за меѓународна соработка, организиран во рамките на „Еден пат и еден појас“, претседателот Ши Џинпинг рече „Ние мора да ја зајакнеме соработката во дигиталната економија, вештачката интелигенција, нанотехнологијата, квантните компјутери и сл.“, со цел водење на развојот на дигитална технологија, донесувајќи револуционерни промени. Во оваа сфера, Кина изработи национална стратегија за датацентар со податоци, акционен план „Интернет +“ и „План за развој на вештачка интелигенција”.

Со подеднаква важност и основно место е и технологијата на блок-синџир, Блокчејн (Blockchain). Во моментов, 4 градови, како Шенжен, Шионган, Ченгду и Суджоу, пробуваат да ја користат технологијата на блок-синџир, Блокчејн (Blockchain) во дневните операции на банките. Државата исто ја вклучи употребата на блок-синџир, Блокчејн (Blockchain) како инфраструктура, со цел промовирање на комбинацијата меѓу технологијата на блок-синџир, Блокчејн (Blockchain) со економскиот и социјалниот развој. Во 2019 година употребата на 5G технологијата и официјално влезе во комерцијална фаза, на пример, мерење на инфрацрвена температура, робот за испорака, робот за чистење итн. Сите овие пронајдоци беа активно користени во различни сценарија во превенцијата и контролата на пандемијата. 5G технологијата ги „поврзува“ сите фактори на производството и ги претвори во стимул за дигиталните промени на разните индустрии. Напредокот во технологијата за вештачката интелигенција и препознавањето на говор ги обврзуваат се повеќе индустриските ланци, разни информаци, проток на капитали, продукти, луѓе, транспорт во едно, и допринесуваат за високостепена и ефикасна соработка, која го прави производството уште поквалитетно, совпаѓањето помеѓу понудата и побарувачката уште поточно, а исто така и индустриската поделба станува се попрецизна.

Во текот на спречувањето и контролата на епидемијата на Ковид-19, и обновувањето на производствениот и општествениот поредок, Кина ги зголеми напорите за снабдување на суровини за лекови, неопходности, и производи за превенција на епидемии за меѓународниот пазар, со цел зајакнување на капацитетот на глобалното надминување на епидемијата и за закрепнување на економијата.

Популаризацијата и употребата на дигиталната технологија е многу привлечна

Во честитката до Светската конференција за вештачка интелигенција во 2018 година, претседателот Ши Џинпинг истакна дека „Кина е подготвена да спроведе размена и соработка со други земји во размена на технологии, споделење на податоци и пазари со апликации и др. со цел споделување на можностите на развојот на дигиталната економија”. Се предвидува, дека Кина е исправена пред огромен модел на употребата на дигиталната технологија, особено ќе биде оформена индустријална матрица со технологијата 5G. Со сигурност, ќе се појавуваат голем број на нови индустрии, нови бизниси и нови модели на економскиот развој, и ќе се реализираат во сферите на индустријата, транспортот, енергетиката и туризмот.

На пример, сателитскиот систем за навигација Беи Доу на Кина има исклучителна улога во борбата против Ковид-19. Капацитетот на системот Беи Доу во прецизното мапирање и позиционирање на сложените географски локации, ја обезбеди брзата изградба на двете болници Хуо Шеншан и Леи Шеншан. Во однос на непречениот превоз на ресурсите, со помошта на системот Беи Доу, Министерството за транспорт обезбеди услуги за пребарување на дозволените патеки за време на избувнувањето на епидемијата бидејки во возилата се постави опрема која може да се вклучи во системот Беи Доу на својата локација. Во пронаоѓањето на пациентите и сомнителните лица во заразата од Ковид-19, базирајќи се на разни интернет апликации, системот Беи Доу им помага на медицинските персонали да ги лоцираат и да ги следат лицата преку директни контакти. Широката употреба на дигиталната технологија во антивирусната борба ја подобрува економската ефикасност и ја забрзува трансформацијата на економската структура.

2.  Дигиталната технологија е врз основа на меѓусебно разбирање и заедничка корист, и ќе допринесе за стабилизирање на глобалниот синџир на вредностите.

На Втора светска Интернет-конференција, оддржана во 2015 година, претседателот Ши Џинпинг предложи дека „мора да се промовира отворена соработка и да им се овозможи на повеќе земји и луѓе да го користат експресниот воз на информатичкото доба и да ги споделат плодовите од развојот на Интернетот“. Дигиталната економија станува клуч за формирање и проширување на синџирот на вредности, кој е од глобална корист. Како резултат на ова, забрзувањето на дигитализацијата и интелигентното создавање на глобален ланец на вредности, може да ја поттикне економската интеграција и политичката меѓусебна доверба помеѓу разни земји, и да го промовира единствениот синџир на вредности, да има пораст во мрежата на вредностите.

Потрошувачкиот пазар на дигиталните продукти продолжува да се шири и расте

Во август 2018 година, претседателот Ши Џинпинг испрати честитка до првиот Саем на паметна Кина (Smart China Expo), нагласувајќи дека „Кина е подготвена активно да учествува во меѓународната соработка на дигиталната економија, да работи со други земји во промовирање на здрав развој и во отворање на нов простор на дигиталната економија”.

Дигиталните ресурси се главниот двигател на развојот на дигиталната економија и имаат сè поголема и важна улога во промовирање на потрошувачкиот пазар. До крајот на март 2020 година, бројот на онлајн купувачи во Кина достигна 710 милиони, што претставува 100 милиони повеќе во споредба со крајот на 2018 година. Обемот на онлајн трансакции достигна 10,63 трилиони јуани, 16,5% раст споредено со истиот период од претходната година. Кина во текот на седум последователни години стана најголем дигитален потрошувачки пазар во светот. Меѓу нив, продажната малопродажба на физички производи достигна 8,52 трилиони јуани, што претставува зголемување од 19,5% за истиот период од минатата година и претставува 20,7% од вкупната малопродажба на производите за широка потрошувачка. Консумирањето преку Интернет игра активна улога во проширувањето на домашната побарувачка во 2019 година во Кина.

Во моментов се појавуваат нови начини на е-трговија во Кина. Врз основа на социјалните мрежи, корисниците може да ги продаваат производите преку директен контакт, што сериозно влијае на потенцијалните потрошувачки желби. Годишниот обем на трансакциите за социјална е-трговија се зголеми за повеќе од 60% од 2019 година, далеку повеќе од севкупната стапка на раст на обичната интернет-малопродажба. Како резултат на ова, каналите за продажба на електронската трговија и логистичките услуги се повеќе стануваат достапни во сите градови, особено во малите, изолирани области, а исто така и во руралните области. Благодарение на појавата на нов тип е-трговија, инфраструктурата за купување преку Интернет и мрежите за снабдувањето на стоките се подобруваат континуирано, услугите за плаќање со мобилни телефони многу им олеснуваат на потрошувачите, и водат кон користење на нови потрошувачки сценарија, вклучително угостителство преку Интернет, организирање патувања преку Интернет, Интернет-домаќинство и слично, а границата на дигиталната потрошувачка се шири се повеќе.

Дигиталната трговија поттикнува преобликувањето на глобалните синџири на вредности

Во 2015 година, претседателот Ши Џинпинг истакна на Втората светска Интернет-конференција, „Ние сме подготвени да ја зајакнеме соработката со земјите за промовирање на инвестициите и развојот на трговијата ширум светот и да го промовираме развојот на глобалната дигитална економија преку развој на прекугранична е-трговија и изградба на зона за демонстрација на економија на информации“. Притоа водејќи го светот и големите мултинационални компании да ја преземат дигиталната економија како главна насока во идниот развој.

Кина е отворена да учествува во глобалната поделба на синџирот на вредности на високо ниво. Во 2019 година, вкупната вредност на увозот на малопродажба и извозот на стоки преку платформата за управување со прекугранична е-трговија достигна 186,21 милијарди јуани, што претставува зголемување од 38,3%.

Политиките и моделите за извоз континуирано се подобруваат, а обемот на тест-зоната за прекугранична е-трговија исто така е дополнително проширен. Од 2015 година, Кина воспостави 59 прекугранични тест-зони за е-трговија, и планира до април 2020 година да бидат 105. Објавувани се нови политики за извоз, за да се намалат оперативните трошоци во целата процедура. На пример, во 2019 година, Државниот совет воведе политика „без фактура и без данок“, за да ја олесни наплатата на верификација на данок на доходите. Освен тоа, воведен и нов модел за обезбедување на еднократна онлајн царинска декларација, царинење и порамнување на девизи, повраток на данок и други услуги. Како важна компонента на дигиталната економија, прекуграничната е-трговија брзо се развива и игра важна улога во стабилизирањето на синџирот на снабдување.

3. Дигиталната борба против пандемијата придонесе за појава на нов тип на индустрија и на формирање на кооперативен индустриски ланец

Во честитката на Четвртата светска Интернет-конференција од 2017 година, претседателот Ши Џинпинг истакна дека „Развојот на дигиталната економија на Кина ќе влезе во брза лента. Кина се надева дека со своите напори ќе им помага на сите земји во светот да го фатат брзиот воз на развојот на Интернетот и на дигиталната економија.“ Кина вложи свои напори за дигиталната трансформација на светската економија, особено преку дигиталната технологија да помага во борбата против епидемијата и продолжување на производството и општествениот поредок. Може да се каже, дека Кина ја обезбедува стабилноста на глобалниот индустриски ланец и синџирот на снабдување.

Се појавуваат нови модели на бизнис во дигиталната економија

За време на неговата инспекциска турнеја во провинција Џеџјан на 1 април 2020 година, претседателот Ши Џинпинг истакна дека треба да се сфатат изгледите на нови стратешки индустрии, како што се дигиталната економија, индустријата за заштита на животот и здравјето, индустријата со нови материјали и други, мора напорно да ги промовираат технолошките иновации, да се најдат нови точки на раст и да ги претворат во нов стимул за развојот.“

Кина го забрзува формирањето на дигиталната економија, предводена и поддржана главно од иновации. Во 2019 година, обемот на дигиталната економија достигна 31,3 трилиони јуани, рангирајќи ја меѓу највисоките во светот, што претставува 34,8% од бруто домашниот производ (БДП). Дигиталната потрошувачка продолжува да расте, до крајот на 2019 година, потрошувачката преку Интернет ја надмина цифрата од 10 трилиони јуани, рангирајќи се на прво место во светот во текот на седум последователни години. Како резултат на тоа, сé повеќе нови модели и нови формати на бизнис учествуваат во пазарната конкуренција.

Развојот на дигиталната економија во Кина произлегува од успешната практика во областа на информатичката технологија. Уште во 2000 година, тогашниот гувернер на провинцијата Фуџијан, Ши Џинпинг го предложи концептот за изградба на „дигитален Фуџијан“ и го постави како цел за развојот „дигитализација, вмрежување и интелигенција“ на провинцијата. А кога тој работеше во друга провинција Џеџијанг исто направи одлука да изгради „дигитален Џеџијанг“ . Во септември 2016 година, Кина, како претседател на Г-20, ја наведе за прв пат „дигиталната економија“ во планот за развој на Г20. Документот „Иницијатива за развој и соработка на дигиталната економија Г20“ потпишан од државните лидери во време на Самитот на Г20 во градот Ханг Џоу, е првиот светски документ за дигитална економија. Соочувајќи се со невиден удар од пандемијата врз економијата на целиот свет, дигиталната економија ќе станува „забрзувач“ и „засилувач“ за промовирање на глобалната економска реформа, реформа во ефикасноста и реформа на моќта.

Се појави дигиталниот формат на бизнис иновации

Претседателот Ши Џинпинг посочи на специјалниот состанок за дигиталната економија на Самитот на Г20 во Осака во 2019 година, дека „Ние мора да создадеме фер, праведен и недискриминаторски пазарен амбиент, не смееме да ја затвориме вратата на развојот, и не можеме вештачки да се мешаме на пазарот“. Се појавуваат дигитална платформа, дигитален маркетинг, дигитални трансакции и дигиталната логистика, глобалното влијание од дигиталните претпријатија се зголемува секој ден, несомнено играат сè поголема важна улога во промовирањето на индустриската надградба и глобалниот развој.

Според „Извештајот за дигитална економија 2019“ од Обединетите нации, на компаниите за дигитална платформа на Кина и на САД им припаѓаат 90% од вредноста на 70 најголеми дигитални платформи во светот, вклучително седум „супер платформи“, како кинески Алибаба и Тенсент. Овие седум платформи зафаќаат две третини од вкупната пазарна вредност на глобалната дигитална економија.
До декември 2019 година, вкупниот број на кинески котирани Интернет-компании, во Кина и во странство, изнесува 135, што претставува зголемување од 12,5% во споредба на крајот на 2018 година. Еднорог-компании( Unicorn enterprise) има 187, со 74 повеќе во споредба со крајот на 2018 година, растот е 65.5%.

Платформа економијата го даде стимулот за дигиталниот развој на индустријата. Од страна на побарувачката, платформа-компаниите одиграа важна улога во промовирањето на иновацијата во бизнис моделот, во зајакнувањето на трговците и во дигитализација на потрошувачката. Од страната на снабдувањето, платформа-компаниите го оптимизираа снабдувањето на производите со помош на прецизни податоци и го подобруваат дигитализираното ниво на синџирот на снабдување. Како резултат на тоа, се реализираат реформи во начинот на снабдувањето, а се подобрува и ефикасноста на производството.

…Продолжува…

Извор: Макфакс


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top