Кинескиот мобилен гигант „Хуавеј“ ја гради првата фабрика во Европа

Во моментов не е познато дали таквата одлука добила „зелено светло“ од францускиот претседател Емануел Макрон, кој сака да донесе што повеќе странски инвеститори во Франција..

„Хуавеј“ ќе инвестира 200 милиони евра во првата фаза од изградбата на фабрика за производство на базни станици, што ќе значи и отворање на 500 нови работни места.Според претседателот на компанијата, Лианг Хуа, „Хуавеј“ во Франција ќе го изгради својот прв производствен погон во Европа.

„Фабриката ќе го снабдува целиот европски пазар, не само Франција“, рече Лианг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top