Кинескиот претседател Џинпинг во Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг е во дводневна посета на Северна Кореја што е прв негов престој во таа таа земја од 2005 година..

Посетата била на покана од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и доаѓа на неколку денови пред самитот на Г20 во Јапонија, а на кој ќе учествува и американскиот претседател Доналд Трамп. 

Кина им е главен сојузник на властите во Пјонгјанг, но се придржува на меѓународните санкции наметнати со цел Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top