Кинеските компании се здружуваат против доминацијата на „Google Play Store“

„Huawei“, „Xiaomi“, „Oppo“ и „Vivo“ работат заедно на платформа која ќе им овозмои на програмерите надвор од Кина истовремено да ги лансираат своите производи на повеќе продавници за апликации..

Произведувачите се здружија во рамките на “Global Developer Service Alliance (GDSA)“, и се чини дека се обидуваат да ја оспорат меѓународната доминација на „Google Play“ продавницата.

Имајќи во предвид дека Google Play продавницата е забранета во Кина, корисниците на Андроид се навикнати да преземаат апликации од различни извори., од кои многу ги одржуваат произведувачи како што се „Huawei“ и „Oppo“.

Надвор од Кина „Google Play Store“ и понатаму доминира, овој „монопол“ значи дека другите продавници за апликации се борат со поддршката за програмерите на меѓународно ниво а тоа би можело да се промени со „GDSA“ платформата.

Меѓународната доминација која ја има „Google Play Store“е многу поголем проблем за „Huawei“, кој минатата година ја изгуби лиценцата за нудење „Google“ апликации и услуги.

Меѓутоа „Huawei“ работи на сопствен оперативен систем„ Harmony“ и вложуваат преку милијарда долари во развојот, растот на корисници и маркетинг за „Huawei Mobile Services“, алтернатива за „Google Play“ услугите.

Веб страната на „GDSA“ вели дека нивните услуги се планирани за девет земји и региони, вклучувајќи ги Индија, Индонезија, Русија и Малезија. Платформата на програмерите би им го олеснила внесувањето на нивните апликации во секоја продавница истовремено.

„Ројтерс“ пренесува дека претставување на новата платформа е планирано во март, но тоа може да се одложи заради избивањето на коронавирусот, пишува „The Verge“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top