Кинеските научници тврдат дека вирусот што сега се појавил во Пекинг е различен

Новите случаи на коронавирус во главниот град на Кина се увезени, изјави за CGTN главниот епидемиолог на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Ву Кунџу..

Според China Radio International, 137 нови случаи на коронавирус биле пријавени во Пекинг од 11 до 16 јуни, а повеќето од нив се поврзани со пазарот на големо, Синфади во областа Фенгтаи.

Во интервју за CGTN, Ву Кунџу, главен епидемиолог на кинескиот центар за контрола и спречување на болести, изјави дека е јасно дека сојот на вирусот во Пекинг е всушност главниот сој на вирусот во европските земји. Поради тоа, вели Ву, вирусот очигледно пристигнал во Кина и Пекинг од странство.

Европскиот сој на вирусот е распространет во многу други земји, но не и во Кина, додаде тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top