Кирацовски: Џафери наместо да Бокисува нека закаже седница за разрешување на Мизрахи

Пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски во клинч со претседателот на Собранието Талат Џафери откако тој побара собранискиот спикер веднаш и сега да закаже седница за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, а Џафери се изнасмеа и му порача дека.

– Џафери наместо да Бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.

За нивото кое денес го покажа Талат Џафери, не ме личи да зборувам, сам за себе доволно кажа со одговорот на моето барање за закажување седница за разрешување на министерката Мизрахи. Но она за што гласно ќе зборувам е манипулацијата која Џафери ја изврши врз пратениците пред околу година дена на седницата закажана за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски, намерно пречекорувајќи го рокот на истата, по што Велјановски неоправдано го ужива имунитетот до денешен ден.

Нема да му дозволам на Џафери, уште еден обид за играње мајтап во Парламентот. И уште еднаш јасно напоменувам, на пратениците им е смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историски успеси и државни постигања, повторно да бидат „топовско месо”, реагира Кирацовски на одговорот на Џафери.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top