ЌЕ МУ ПРЕСУДАТ ЛИ: Доскорешните сопартијци може да го остават Груевски без пратеничката фотелја?

Осумтемина исклучени пратеници може да му пресудат на екс сопартиецот Никола Груевски и да го остават без пратеничкиот мандат..

Нивните гласови е извесно дека ќе бидат клучни од тоа дали екс премиерот ќе остане во пратеничките клупи од редовите на ВМРО ДПМНЕ или ќе дадат поддршка да му се одземе мандатот.

Сепак, никој не открива како ќе гласа по однос на ова прашање а Алијансата на Албанците и Беса на Билал Касами за дел од медиумите потврдија дека би го дале својот глас иако на оваа тема власта сеуште не побарала поддршка.

Барањето за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ е пратено до комисијата која одлучува за мандатни и имунитети прашања која треба да се произнесе по однос на пратеничката функција за Груевски кој на 8 ноември треба да се јави во затворот во Шуто Оризари.

Но, кој ќе седне во пратеничкото место на Груевски? - читајте тука.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top