Ќе се менува фасадата на ЕВН

И зградата на ЕЛЕМ и ЕВН ќе добие лик во стилот на „Скопје 2014“, а изведувач на работите ќе биде компанијата „Бетон“ која се јавува како изведувач на голем број други објекти во градот..

Градежната компанија „Бетон“ е избрана да ја догради и преоблече во неокласика досега стаклената зграда на ЕЛЕМ и ЕВН на плоштадот Македонија. Цената е околу 4,3 милиони евра. Скопската фирма е избрана како најповолна на тендерот за оваа намена. Договореното, според известувањето на бирото за јавни набавки, е на име ЕВН Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top