Ќерката на газдата на Формула 1 остана без 500.000 фунти

Петра својот дом во Лондон го даде на продажба и за време на едно од разгледувањата исчезна дијамантски ролекс часовник и пар обетки во вредност од половина милион фунти..

Ќерката на сопственикот на Формула 1 Петра Еклстон била ограбена од лажен казахстански милионер која ја остави без накит вреден 500.000фунти.

Петра својот дом во Лондон го даде на продажба и за време на едно од разгледувањата исчезна дијамантски ролекс часовник и пар обетки во вредност од половина милион фунти.

Главен и осомничен е човекот кој се претставувал како милионер од Казахстан кој наводно бил заинтересиран за купување на вилата.

- Петра заедно со нејзината сестра Тамара не била во домот додека се разгледувала куќата. Откако човекот ја напушти вилата откриено е дека исчезнал накитот кој бил на ноќната масичка, изјави близок пријател на семејството Еклстон.

По исчезнувањето на накитот извршена е контрола кај сите членови вработени во вилата и е заклучено дека тие не учествувале во кражбата.

Непознатиот „милионер“ наводно се вика Олег и е виден на различни места како разгледува луксузни вили иако ова е регистриран прв случај на кражба.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top