Ќерката на Трамп би можела да стане претседателка на Светската банка

Иванка Трамп, која е ќерка на американскиот претседател, Доналд Трамп, е една од кандидатите за претседателската фотелја во Светската банка..

Како што пишува „Бизнис Инсајдер“, таа би можела да дојде на оваа позиција, по оставката на досегашниот претседател, Џим Јонг Ким.

Како други канидати за водење на Светската банка се споменуваат секретарот на Министерството за финансии на САД, Дејвид Малапс, директорот на УСАСИД, Марк Грин и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли.

На 1 февруари актуелниот претседател на Светска банка си заминува од функцијата, а времен шеф е Кристалина Георгиева. Изборот на нов претседател ќе се случи на средината од април.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top