Ќосето падна, Град Скопје го отстрани од пред судска палата

Споменикот на Андон Јанев Ќосето е во раните утрински часови тргнат од пред судска палата. Отстранувањето го спроведе Град Скопје со екипита на Јавното претпријатие „Улици и патишта“..

Од Градот за „Фокус“ велат дека потегот е врз база на извештајот на работната група формирана од Министерството за култура, која констатираше бројни незаконитости при неговото поставување.

Првиот елаборат за објекти од проектот „Скопје 2014“, работната група го достави уште пред неколку месеци до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар. Општина Центар пред извесно време испрати инспектор на лице место, кој констатираше дивоградба.

-Општина Центар ни даде налог да го отстраниме за три дена. Ние го направивме тоа за два – велат од Град Скопје.

Отстранувањето на Ќосето, додаваат од таму, не предизвикува вонредни трошоци и дополнителни набавки.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top