Клетвата пак удри во Милано: Сасуоло го откажа Интер од Лигата на шампионите

Екипата на Интер, по се изгледа, и идната сезона нема да игра во Лигата на шампионите..

Иако цела сезона беше во игра за едно од првите четири места на табелата, миланскиот тим потклекна кога беше најважно. На домашен терен загуби од Сасуоло со 1-2 и сега само теоријата е на страната на „нераѕурите“. На Лацио му недостасува една победа во последните две кола, а може веќе утре на гости кај Пескара да го запечати четвртото место.

Политано и Берарди погодија за Сасуоло, а Рафиња му даде надеж на Интер во финишот. Сепак, Икарди и Перишиќ промашија премногу шанси за нивниот тим да може да се надева на победа на овој натпревар.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top