Клоп им носи на „црвените“ нови добри вести пред полуфиналето во ЛШ!

Јирген Клоп воопшто не стравува дека би можел да го загуби Мохамед Салах како што се шпекулира веќе неколку недели..

Напротив, тој сега на навивачите на Ливерпул им носи фантастични вести за „фараонот“, кој наводно цврсто е решен да остане на „Енфилд“ и да создава успеси со оваа генерација на фудбалери.

Салах сезонава игра волшебно, што за него доволно сведочат и бројките. Тој досега сезонава во сите конкуренции има постигнато 39 голови, што ги надмина сите очекувања на фановите.

Со оглед на неговите добри натпревари, се појавија шпекулации дека тој е мета на трансфер во Реал Мадрид, но сега германскиот стратег ги заладува тие најави.

„Знам дека Мо ќе биде со нас и понатаму, тој се чувствува овде како да е дома. Го знае и познава нашиот стил на игра, па воопшто не сум загрижен дека ќе замине, затоа што знам дека нема да замине“, истакна Клоп.

Салах под водство на Клоп се препороди и игра фантастично, па нормално е да се очекува дека и во иднина ќе доаѓаат понуди за овој фудбалер.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top