Клоп ја призна вината за поразот, но посочи еден негативен сегмент во својата екипа

Ливерпул не одигра баш најдобро како што очекуваа нивните навивачи, па во 90 минута од натпреварот во Неапол беа казнети..

Лоренцо Инсиње донесе голема радост кај домашните навивачи со голот постигнат за победа во последните моменти од мечот, што им овозможи да го завземат врвот на табелата со 4 бодови.

По мечот и самиот Јирген Клоп истакна дека не е задоволен целосно од играта и дека големото невнимание во финишот ги чинело бод.

„Поразот е секако заслужен. Направивме грешка а противникот тоа успеа да го казни. Иако почетокот од мечот беше добар, сепак одредени моменти во одбраната не беа во ред. Вториот дел не беше добар за нас, затоа што секогаш е лош момент кога ќе мора да кажете дека вашиот најдобар играч бил голманот, а тоа беше случај со нас вечерва. Голем дел од перформансите вечерва се моја вина“, потенцира Клоп.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top