Клоп: Некој сака туку така да поништи се што се одигра досега, тоа не е фер

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, стравува дека водството на Премиер лигата ќе ја поништи тековната сезона во која неговиот тим се наоѓа на чекор од титулата..

Ливерпул има 25 бода предност во однос на Манчестер Сити и е на прагот да ја освои титулата за прв пат по 30 години, но поради пандемијата на коронавирусот фудбалот не се игра повеќе од два месеци. Англичаните се обидуваат да продолжат во јуни, но и понатаму се е под знак прашалник.

Клоп, чија екипа апсолутно заслужи да биде прогласена за шампион, свесен дека постои и она најлошото сценарио според кое сезоната би се поништила без неговиот тим да ја освои титулата.

„Постојат приказни дека луѓето сакаат да се поништи сезоната. Одигравме 76 проценти од сезоната и ти едноставно сакаш сето тоа да го избришеш? Мислам дека тоа не би било фер, да се каже како да не се ни случило“, изјави Клоп и додаде:

„Први сме на табелата според резултатите на домашен терен, први сме според резултатите на гостински терен. Тоа е сезона во која треба да станеме шампиони. Мислам дека во животот има многу полоши работи отколку да не станете шампиони. Голем број луѓе околу нас имаат големи проблеми. Луѓето умираат, тоа секогаш се случува, но во овој момент поради коронавирусот за кој не знаевме и на кој никој не можеше да се подготви. Реагирањето на неочекувани работи се најголемиот дел од мојот живот“, заклучи Германецот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top