Клоп нема избор, си најде нов голман кој ќе го засили Ливерпул

Откако ја дозна судбината на Алисон Бекер, Германецот ќе мора да ангажира замена..

Прогнозите ги потврдија стравовите на Клоп. Откако беше снимен повредениот мускул на Алисон Бекер јасно е дека не станува збор за обично истегнување. Бразилецот ќе мора да мирува околу два месеци, потоа лесно да тренира, па дури некаде во октомври би требало да се најде на теренот.

Шпанецот Адријан за тоа време ќе биде прв голман, но тоа не е доволно. Ливерпул поради повреди на младите чувари на мрежата нема уште една опција, бидејќи Мињоле си замина во Бриж.

Но, Клоп доби идеја, некогашниот чувар на мрежата на Мидлзборо и Престон, Енди Лонерган би можел да потпише краткорочен договор со клубот. Тој патуваше со Ливерпул на турнејата низ Америка кога Алисон имаше продолжен одмор поради учество на Копа Америка.

Ливерпул ќе мора да бара дозвола од Премиер лигата за овој потег, но не би требало да имаат проблем да го доведат 35-годишниот голман да биде дел од тимот од 25 играчи додека Алисон не се опорави.

Инаку, на крајот во Ливерпул можат да бидат задоволни, се плашеа дека Бекер целосно го скинал мускулот и дека ќе мора да оди на операција, што би значело крај на сезоната за, според многумина, најдобриот голман на светот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top