Клоп со лекција за своите Германци: Ливерпул среде Минхен го среди Баерн

Ливерпул патува во 1/4 финалето од Лигата на шампионите откако вечерва во Минхен го совлада Баерн со убедлив резултат од 1-3..

По оние анемични 0-0 на „Енфилд“ во првиот меч, вечерва публиката на „Алијанц Арена“ можеше и тоа што да види, а сето тоа зачинето со четири погодоци.

Во 26. минута Англичаните поведоа со 0-1 откако противничкиот голман Ноер излета, веројатно ни самиот не знае каде, па Мане знаеше тоа да го казни.

Но пред крајот на првиот дел, во 40. минута Англичаните им вратија за подарокот откако си постигнаа автогол преку Матип кој го израмни резултатот на 1-1.

Ливерпул во 69. минута по вторпат вечерва поведе откако по изведен корнер од Милнер, највисок во скокот беше Ван Дајк кој погоид за 1-2.

Печат на победата и пласманот во следната фаза со својот втор гол вечерва стави Мане кој стрелаше за 1-3 во 84. минута.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top