Клоп со пофалби за работата на Артета пред дербито со Арсенал

Јирген Клоп е воодушевен од начинот на кој Микел Артета го менаџира овој Арсенал..

„Црвените“ го дочекуваат ова коло Арсенал во Премиерлигата, и тоа ќе биде еден од најинтересните натпревари.

Шампионот на Англија има две победи, како и Арсенал, па затоа ќе биде интересна разврската на оваа средба. Ливерпул успеа да победи против Лидс и Челси, додека Арсенал ги победи Фулам и Вест Хем.

„Можам да кажам многу позитивни работи за Артета и неговата работа под системот 5-4-1 во Арсенал. Имаат квалитетни играчи кои добро ги користат во контрите. Мислам дека во краток период Артета покажа дека е одличен тренер“.

„Структурата на неговиот клуб е одлична, имаат фантастичен баланс. Ја промени целокупната слика во тимот откако пристигна и тоа му е голем плус. Без оглед на се, мислам дека имаме зрели шанси да ги победиме. Работиме напорно за да напредуваме на секое поле“, истакна Клоп.

Натпреварот се игра во понеделник од 21 часот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top