Клоп: Тоа да ми го направеа на мене, сигурно ќе си заминев од Ливерпул

Екипата на Ред Бул Салцбург одигра неверојатен натпревар на „Енфилд“ во средата во 2. коло од Лигата на шампиони..

Австрискиот првак на „Енфилд“ губеше со 3-0 по половина час игра, па многумина во тој момент помислига дека Ливерпул веќе ја заврши работата кога се во прашање трите бода, но Салцбург приреди вистински шок.

Австријците играа се или ништо, тргнаа во напад и дојдоа до 3-3, а по едно грашка пред крајот на мечот „црвените“ повторно поведоа за конечни 4-3. Сепак, австрискиот тим ја воодушеви фудбалска Европа.

Два дена по натпреварот, Салцбург објави на „Јутјуб“ енергичен говор од својот тренер, кој очиглено одлично го мотивирал својот тим на полувремето.  

Сепак, сите не се воодушевени од видеото. Клоп дал интересен одговор за тоа што ќе се случеше доколку бил снимен тој во таква ситуација.

Ако ме снимаа од Ливерпул во оваа ситуација, јас ќе го напуштев клубот, кратко прокоментира Клоп, веројатно сметајќи ја соблекувалната за интима.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top