Клоп: Уште е рано, далеку сме од најдоброто издание

Екипата на Ливерпул ја постигна и петтата победа во шампионатот и тоа е најдобриот старт на „црвените“ од постоењето на Премиер лигата. Во дербито на колото избраниците на менаџерот Јирген Клоп го совладаа Тотенхем на Вембли со 2:1..

Навивачите почнаа по добрите подготовки и максималниот старт повторно да се надеваат на можно освојување на титулата, но Клоп ја „смирува топката“:

– Не сум некој што чека на проблемите или ги посакува, но доволно сум стар да знам дека порано или подоцна ќе се појават. Никој не игра совршено, дури ниту Сити лани не беше совршен, уште е рано… Фантастично почнавме имаме пет победи, но далеку сме од нашето најдобро издание. Но, ми се доапаѓа како напредуваме, изјави Клоп.

Во следното коло Ливерпул игра дома со Саутемптон, а потоа се двата дерби дуела во Премиер лигата со Челси и со Манчестер Сити. Во меѓувреме во вторник е и првиот дуел со ПСЖ од Лигата на шампионите, а до следната репрезентативна пауза е и дуелот со Наполи на гости. Секако во овој период Ливерпул ќе одигра уште еден натпревар со Челси во рамките на Карабао купот. Исклучително тежок распоред.

Ливерпул во моментот се наоѓа на втоарата позиција на табелата со ист број бодови (15) како и Челси, но послаба гол разлика.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top