Клубовите од Премиер лигата ќе треба да вратат 820 милиони евра?!

И англиската Премиер лига, која долго одолеваше, го прекина натпреварувањето поради опасност од ширење на коронавирусот..

Половина свет буквално запре поради опасниот вирус и веќе сега е јасно дека епидемијата освен здравствени, ќе има и исклучително тешки економски последици. Нема добро да поминат ни најголемите фудбалски клубови и натпреварувања, па така ни Премиер лигата во која, кога станува збор за фудбалот, се вртат најголемите пари.

На челниците на Премиер лигата веќе им е соопштено дека клубовите ќе мораат да вратат вкупно 820 милиони евра доколку сезоната не продолжи и не заврши, пренесува угледниот и реномиран сајт „Атлетик“, а таквата можност не е исклучена.

Парите ќе мораат да се вратат поради кршењето на условите за договор за домашните и меѓународните права за ТВ преноси, а ваквите вести им се соопштение на сите клубови во Премиер лигата во текот на последниот кризен состанок кој беше одржан вчера во Лондон.

Се верува дека прекинот на натпреварувањето само „Скај“, кој е еден од двајцата главни играчи за преноси на Премиер лигата во Англија, веќе ги чинело огромна сума на пари и дека продолжува да чини секој ден бидејќи нема содржина која би можела да се наплаќа, а компанијата трпи и огромни загуби кога станува збор за профитот од реклами.

Инаку, клубовите добиваат пари од ТВ права два пати годишно, во август и февруари, така што дури неодамна ја добија уплатата за крајот од сезоната. Ако истоиот не се случи, парите ќе мораат да бидат вратени.

Поради сето ова некои клубови веќе се одлучни да се одигра барем „уште некој“ натпревар до крајот на сезоната, ако треба и пред празни трибини.

За потсетување, засега е познато само дека Премиер лигата сигурно нема да продолжи пред мај…


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top