Коби Брајант станува прв член на Куќата на славните во класата 2020

По трагичните вести дека во несреќата предизвикана од пад на хеликоптер загина Коби Брајант, целиот кошаркарски свет запре..

Еден од најдобрите играчи на сите времиња ќе остане вечно запишан во страниците на кошаркарската историја како човек кој собори безброј рекорди.

За каква кошаркарска големина странува збор доволно говори податокот дека е покрената петиција за ликот на Коби Брајант да биде официјалното лого на НБА лигата.

Дека Брајант ќе остане вечна легенда на НБА лигата потврдува и изјавата на директорот на Кошаркарската куќа на славните, Џери Коланџело, кој истакна дека ќе влезе во Куќата на славните како прв од класата 2020.

„Се очекува ова да биде најепската и најславната класа со Коби, Тим Данкан и Кевин Гарнет“, изјави Коланџело и додаде дека Коби ќе биде награден на начинот на кој тоа го заслужува.

За влез во Куќата на славните во 2020. година се номинирани Магзи Богз, Тим Данкан, Кевин Гарнет и Тим Хардавеј. Поради смртта на Коби Брајант, Кошаркарската куќа на славните ќе направи исклучок, ќе ја прескокне процедурата и ќе го номинира веднаш како прв член во класата 2020.

Останатите членови на Кошаркарската куќа на славните ќе бидат објавени кон почетокот на април.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top