Коѕиас утре на средба со Нимиц во Брисел

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас утре во Брисел ќе има средба со медијаторот за спорот со името на Македонија, Метју Нимиц..

Сепак, не е првпат Нимиц да ги води преговорите во овој град, што пак се должи на неможноста на Коѕиас да го прими на разговори медијаторот додека тој престојуваше во Македонија неодамна.

„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија на почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напред ок во преговорите за спорот за името“, изјави Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.

Грчкиот министер за надворешни работи во пресрет на состанокот не ги прецизираше конкретно грчките позиции.Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ тој порача дека главен услов за какво и да е поместување останува Скопје да се откаже од како што вели иредентизмот, кој не смее да се рашири низ Балканот. Коѕиас тврди дека досега Македонија не била подготвена за решение.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top