Коѕијас ги претставил грчките позиции за преговорите за името на владина седница

Никос Коѕијас, грчкиот министер за надворешни работи за време на владината седница ги презентирал грчките позиции во преговорите за името..

Тој пред министрите кажал дека грчката позиција е име со географска одредница за севкупна употреба.

– Според информациите, министерот за надворешни работи во неговото обраќање го извести Министерскиот совет за позициите со кои грчката страна учествува во преговорите за името со ПЈРМ. Господинот Коѕијас, рече дека националната позиција беше веќе претставена во 2007-2008 и се однесува на сложено име со географско потекло и за севкупна употреба, пишува грчката новинска агенција.

Коѕијас изјавил дека конкретното прашање оваа влада го наследила и затоа во минатото не биле преземени иницијативи, но нагласи дека оваа влада е смела и сериозна, како и дека има храброст да оди кон решавање на проблемите.

Министерот Коѕијас ги претставил и конкретните предлози за името, а освен министерот за надворешни работи, на седницата за прашањето за името не говорел ниту еден друг министер.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top