Коѕијас кај Ципрас во очекување за заѕвони телефонот

Грчкиот министер за надворешни работи пристигнал во кабинетот на премиерот Алексис Ципрас во очекување дека следните часови би можел да се случи долгонајавуваниот телефонски разговор меѓу македонскиот премир Зоран Заев и неговиот грчки колега, Ципрас.

Во разговорот што беше најавен уште пред десетина дена двајцата премиери треба да го утврдат напредокот во преговорите за спорот околу името.

Катимерини наведува дека премиерот Заев за неделава има закажано средба со германската канцеларка, Меркел, на која, како што оценува катимерини, би можело да и биде претставено решението за деценискиот спор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top