Коѕијас: МПЦ и Вселенската патријаршија преговараат веќе една година

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас тврди дека преговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија траат веќе една година..

Во интервју за грчка телевизија Коѕијас објаснува дека подолго време се разговара за признавање на Македонската православна црква под името Охридска архиепископија и дека Грчката црква не треба да се меша во тоа прашање.

Коѕијас вели и дека би требало да им се даде награда на луѓето од Скопје за размислувањето и за храброста, одново да се вратат на традиционалното и непровокативно име, Охридска архиепископија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top