Коѕијас утре во Скопје: Петте верзии на името „Македонија“

Само неколку часа откако грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас соопшти дека испратил до властите во Република Македонија предлог за решавање на спорот за името весниците “атимерини и Та Неа ги објавија предлозите на медијаторот Метју Нимиц..

Пакетот ги содржи следниве предлози:

Република Северна Македонија

Република Нова Македонија

Република Горна Македонија

Република Вардарска Македонија

Република Македонија (Скопје)

Според “Та Неа” во оваа фаза никој не може да предвиди како ќе се одвиваат преговорите поради расправиите околу историјата и културата и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека “не е потребно да се менува Уставот”, за да се реши спорот за името.

Никос Коѕијас ќе пристигне во четврток во Скопје.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Дзанакопулос изјави: “Се надеваме дека ќе најдеме заеднички терен за следните средби. Но, сепак тоа во голема мера зависи и од другата страна”, рече уште Дзанакопулос.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top