Кога и Претседателот на државата Дезертира!

Да одиш и да седнеш на иста маса со Претседател на држава кој што пред само еден месец ја поставил својата сопруга за Потпретседател е неприфатливо недемократски..

Фејсбук статус на Нестор Огинар
Најавената посета на Ѓорѓе Иванов на Азербејџан и Австралија во време кога во Македонија нема Извршна Влада, кога Собранието е распуштено, кога државните институции се оптоварени со корупција и криминал, кога од тебе се очекува одлука околу доделување мандат за нова влада, кога низ Македонските планини се кријат пара војски, кога низ државата се шетаат странски дипломати и повикуваат на војна за" ослободување на Албанските територии ",кога Македонскиот народ е наср'тен еден на друг мора да биде осудена како грозоморен чин на ДЕЗЕРТЕРСТВО според сите дефиниции на тој збор!

Да ја напуштиш државата и да одиш на без значајна конференција наречена"Иднината на меѓународни односи:моќ и интерес", додека иднината на Македонија е доведена во прашање е кукавички чин на напуштање на сите уставни обврски.

Да одиш и да седнеш на иста маса со Претседател на држава кој што пред само еден месец ја поставил својата сопруга за Потпретседател е неприфатливо недемократски.

Да планираш повеќе неделна и крајно непотребна посета на Македонската "Дијаспора", во далечната Австралија додека твојот народ во Македонија живее катаден во крајна и драматична неизвесност е доказ за тоа дека никогаш не си бил достоен да ја извршуваше функцијата Претседател на држава.
И затоа, ти Ѓорѓи Иванов за мене ќе бидеш она што секогаш си бил:
Несигурен, безрбетен, без карактерен и исплашен послушник на оние кои што и те втурнаа да ја извршуваш највисоката функција во државата. 

Мојов Пост ќе го потпишам со една посвета на книга што ти, Ѓорѓе Иванов ми ја подари на Преображение, 2008 Лето Господово во кое ми советуваш да пијам од "водата на изворот" затоа што "таму била најслатка".

А од која вода и од кој извор пиеш ти кукавички
Дезертеру!?



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top