КОГА ПОДВИТКАНИТЕ КЕ СЕ (ПОД)ИСПРАВАТ!

Фејсбук статус на Јове Кекеновски.

Голем дел од оние кои до вчера му се умилкуваа, му слугуваа, го величеа, лапаа барабар со него, клечеа пред него молејќи за некоја функција, оние кои по три дена раце не миеа откако ке се поздравеа со него, оние кои се подмочуваа од радост дека го виделе и чија насмевка се развлекуваше од еден крај на образот до дугиот крај, оние кои знаеа и по десетици часови да дремат пред неговиот кабинет само добар ден да му кажат, оние кои до вчера не смееа името да му го споменат денес мошне ,,одважно" еден по еден се откажуваат од него. 
Така одело тоа ми велат поискусните од мене. Печурките секогаш после дождот се појавуваат. 
Јас и ФРОДЕМ останавме доследни на нашиот став за негово и нивно заминување и одговорност.
Овие што денес се освестуваат и глумат ,,храбри и чесни реформатори” тогаш не напаѓаа и не нарекуваа непријатели и ги одработуваа неговите наредби против мене и голем дел од нас. 
За сите оние тогаш беа и глуви и слепи и неми и поднаведнати до земја едно потсетување на јавно кажаното

Кекеновски до Груевски: ,,Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот"!
http://www.libertas.mk/%D0%BA%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D0%BD%D0%B…/

Кекеновски: Груевски, извини се и замини си од политичката сцена, спаси ја партијата од срамот! - Го повикувам јавно Никола Груевски што побргу да ја спаси ВМРО ДПМНЕ од голем срам и политичкиот багаж кој мислам дека ќе ја потопат и уништат партијата која ја градевме сите над 25 години! Сум вложил многу во оваа партија, ја сметам и за мое чедо, и како секој млад човек и таа знае да застрани по лоши патишта и време е да ја вратиме на патеките по кои беше замислена да оди. А тоа е интересот на Македонија и македонскиот народ а не на поединци кои сакаат да профитираат од партијата и од Македонија, вели професорот Јове Кекеновски во интервју за порталот Мактел.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top