Кои се причините за епските пожари во Австралија?

Во Австралија од почетокот на 19 век досега просечната температура се зголемила за 1,5 степени Целзиусови..

Рекордните температури и големите суши ја завија Австралија во црно. Пожарите се закануваат да го уништата растителниот свет на поголемиот дел од континентот. Многу Австралијанци спасот го бараат на брод, огромен број на животни настрадаа поради огнените јазици.

-Вакво сценарио ќе се случува во годините што следат – вели Кристин Ериксен, научник кој на Универзитетот во Волонгонг ги истражува природните катастрофи.

Планетата од година во година е изложена на константно загревање. Во Австралија од почетокот на 19 век досега просечната температура се зголемила за 1,5 степени Целзиусови.

Националната научно-истражувачка агенција очекува бројот на пожари да се зголеми. Од Министерството за внатрешни работи објаснуваат дека климатските промени се водечки причинител на природните катастрофи, а опасноста кон живиот свет се појавува изненадувачки и на неочекувани места.

Секако, зголемените темеператури не се единствена причина за пожарите кои беснеат во моментот. Австралија ја погоди и суша, која ги уништи ниските растенија. Поради тоа и најмалата искра може да се претвори во пожар.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top