Кој би рекол? Мората е подобар од Салах, Лукаку…

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората конечно ја пронајде вистинската форма и во последно време редовно се впишува во листата на стрелците..

Фудбалерот на Челзи зад себе има лоша мината сезона, а доста промашуваше и на почетокот на оваа. Меѓутоа се чини дека кризата помина откако Мората на последните два дуели од Премиер лигата постигна три гола.

Алваро така стигна до бројката од пет гола оваа сезона во Премиер лигата, што не е нималку лоша статистика сооглед на тоа што на теренот помина само 606 минути.

Иако е често предмет на исмејување, статистиката вели дека Мората е далеку поефикасен од играчи за кои јавноста има многу големо почитување во однос на него.

Мората просечно постигнува гол на секои 121 минута, што е статистика каква што нема Салах (5 гола – 944 минути – 188 мин на гол) Лукаку (4 гола, 762 минути – 192 мин на гол).


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top