Која храна има најмногу пестициди како да ги намалите?

Побарувачката за органска храна расте експоненцијално во последните две децении, а како главната причина за овој раст се смета загриженоста од изложеноста на пестициди..

Пестицидите (инсектициди, хербициди итн.) се хемиски супстанции кои се употребуваат во земјоделието за заштита на засадените полиња од инсекти, од болести и од непотребните треви кои се јавуваат помеѓу засадената култура и предизвикуваат најразлични штети.

Во продолжение, кои се производите кои најчесто се наоѓаат на ,,контаминиранитe” листи, колку и зошто се штетни пестицидите и совети како да ја намалите изложеноста на нив.

Важно е да бидеме свесни кои свежи производи се најподложни на контаминација со пестициди

Секоја година, една невладина организација од САД наречена ,,Работна група за животната средина ” – (EWG,) објавува листа на свежи производи кои имаат најголеми концентрации на утврдени пестициди. Оваа организација објавува вакви листи повеќе од 20 години, а тие се сметаат за доста релевантни поради квантитетот и релевантноста на податоците. EWG употребува 6 параметри според кои го определува степенот на контаминација со пестициди:

• Процентот на примероци во кои постојат пестициди.

• Процентот на примероци во кои постојат два или повеќе потврдени пестициди.

• Просечниот број на пестициди најдени во единечниот примерок.

• Просечната количина на пестициди, мерена во ppm (делови од милионот)

• Максималниот број на пестициди најдени во еден примерок.

• Вкупниот број на пестициди кои се употребени на полето.

Постојат дебати дали ваквите информации кои се добиваат од листите за ,,најзагадена свежа храна” им помагаат на луѓето да ја намалат изложеноста на пестициди или дополнително допринесуваат тие да ја избегнуваат здравата храна, имајќи предвид дека секаде во светот постојат институции кои се задолжени да се грижат процентот на пестициди во продуктите да биде на безбедни нивоа.

Сепак, немаме цврсти докази дека поставените лимити од институциите се безбедни, особено не колку се безбедни на постојана изложеност во подолги периоди.

Заради овие причини, важно е да бидеме свесни и да ги знаеме барем оние производи кои се најподложни на контаминирање.

10 свежи прехранбени продукти кои се најподложни на пестицидна контаминација (според EWD):

▫ Јагоди – јагодите постојано се наоѓаат на различните листи за најконтаминирана храна. Во 2018 година, EWD утврдува дека дури 1/3 од примероците со јагоди содржеле над 10 типови остатоци од пестициди.

▫ Спанаќ – над 90% од испитуваните примероци спанаќ содржеле пестицидни остатоци, вклучително перметрин, невротоксичен инсектицид кој има потврдена висока токсичност кај животните.

▫ Нектарини – исто како и кај спанаќот, над 90% од испитуваните примероци содржеле 15 различни остатоци од пестициди.

▫ Јаболки – огромниот дел од испитуваните примероци содржеле пестициди.

▫ Праски – над 99% од тестираните праски содржеле во просек 4 различни пестицидни остатоци.

▫ Цреши – утврдени во просек 5 различни пестициди во испитуваните примероци, вклучително и пестицид наречен ипродион, кој е забранет во ЕУ.

▫ Сливи – над 50% од тестираните сливи содржеле пестицидни остатоци од 5 или повеќе пестициди.

▫ Домати – пронајдени во просек 5 различни типови пестициди.

▫ Пиперки – содржат помалку пестицидни остатоци од останатата свежа храна, но сепак според EWG, кај нив се употребуваат пестициди кои се доста токсични.

▫ Целер – утврдени пестицидни резидуи во над 95%  од испитуваните примероци.

Дали пестицидите најдени во ваквата храна се штетни?

Постојат спротивставени мислење на оваа тема, во однос на потребните количества пестциди кои би биле штетни.

Иако постојат строги регулативи за тоа кои пестициди, во кои количества треба да се користат, но и кои количества се дозволени да останат на плодовите, сепак загриженоста е во однос на долготрајната изложеност на помали количества пестициди.

Повеќе студии ја поврзуваат изложеноста на пестициди со негативни здравствени ефекти, како респираторни, репродуктивни проблеми, нарушувања на ендокриниот и невролошкиот систем и зголемен ризик од малигни заболувања.

Под особен ризик се смета дека се најмалите, поради тоа што за нив можат да бидат штетни и најмалите количества внесени пестициди преку исхраната. Децата имаат помали количества на детоксифицирачки ензими и нивниот мозок е во развој, па се почувствителни на невротоксини.

Студиите утврдуваат и штетни ефекти од изложеноста на пестициди врз здравјето на бремените жени, зголемен ризик од гојазност, рак на дебело црево итн.

Сепак, повеќето студии ги утврдуваат овие ефекти на пократок рок и значително поголема изложеност на пестицидите, која не е толку можна во реалноста. Затоа, потребни се уште доста истражувања за да се утврди долготрајниот ефект од помалите количества пестициди.

И органските производи можат да содржат одредени типови пестициди

Одредени пестициди се дозволени и во органското градинарство, како бакар, ротенон, спиносад итн. Дозволени се 25 органски пестициди, наспорти 900 кои се дозволени во конвенционалното земјоделство.

Одредени негативни ефекти се утврдени и кај овие пестициди.

За жал, и кај ваквиот тип на пестициди не постојат студии кои ја испитуваат долготрајната изложеност.

Лесни и едноставни методи за намалување на остатоците од пестицидите во свежата храна

Додека чекаме науката да го утврди точниот ефект од долготрајната изложеност и имајќи ги во предвид негативните ефекти од поголемата акутна изложеност на пестициди, најдобро е наместо целосно да ги избегнуваме погоре наведените, инаку многу здрави продукти, да практикуваме правилно миење на овошките и зеленчукот:

• Промијте ги во ладна вода – потопете ги во ладна вода и тријте ги со помека четка.

• Потопете ги во раствор на сода – една студија утврдува дека со 1% раствор на сода бикарбона во вода, можеме многу поуспешно да ги отстраниме пестицидите отколку само со вода и четка.

• Лупете ги овошките и зеленчукот – отстранувајќи ја кората, го отстрануваме и најголемиот дел од пестицидите.

• Бланширање – краткотрајниот третман во вода на повисока температура или бланширање, може да ги намали и до 50% пестицидните остатоци. За продуктите како спанаќот ова е најдобар избор и од нутритивен аспект.

 Варење – варењето на јагодите ги намалува пестицидните остатоци од 45-90%, според едно истражување.

• 10% раствор на солена вода

 Раствор на оцет и вода
• Миење со озонирана вода


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top