Колку Грци завршија во притвор по нередите во Солун поради Договорот од Преспа?

Повеќе од 20 лица се приведени, најмалку две се повредени, додека неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите во Солун..

Во протестите против Договорот од Преспа предизвикана е и материјална штета на продавници и објекти. 

Маскирани лица палеа канти за отпадоци и фрлаа молотови коктели, камења, дрва по полицајците, кои одговорија со солзавец и шок бомби.

Инцидентите ги предизвикале група радикални десничари кои се вмешале со оние кои протестираа против Договорот од Преспа.

Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини траеше до доцна во ноќта.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, непознато лице, учесник во протестите, на еден фоторепортер му се заканил со оружје. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top